
Македонија
Фејсбук
Откако пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил обелодини неверојатна информација од состанокот на Никола Димитров со државниот секретар на САД Помпео се случи вистинска војна на зборови на социјалните мрежи.

Имено пратеникот од редовите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Македонија истакна дека на состанокот кој актуелниот министер за надворешни работи го имаше со државниот секретар на САД Мајк Помпео Никола Димитров му соопштил дека на референдумот е речиси невозможно да се постигне цензусот.
Според информации од средбата Димитров реферирал дека владата очекува дека на 30-ти септември ќе излезат помеѓу 600 и 700 илјади граѓани од потребните над 900 илјади гласови за остварување на цензусот.
На ваквата информација одговори Никола Димитров кој вели дека статусот на пратеникот Антонијо Милошоски во врска со содржината на разговорите кој тој ги имал со Државниот секретар на САД е груба политичка манипулација и лажна вест но без притоа да ја каже суштината на она што се разговарало или што од информациите на Милошоски се вистина што се половина вистина а што лага.

На обвинувањата пак на Димитров експресно одговори Милошоски кој побара да биде објавена белешката водена за време на средбата на Димитров со Помпео.
Белешка која според прописите треба да е архивирана во Министерството за надворешни работи затоа што “ако министерот лаже – белешката не лаже” – напиша Милошоски.
За крај Милошоски порача дека Димитров е школски пример за ширење на лажни вести споменувајќи го скандалот со наводната средба на Заев со Трамп во Обединетите Нации кога токму Димитров ја фотографираше “средба” која никогаш не се случи.

Темата беше прекината од страна на Димитров затоа што по барањето на Милошоски кој како пратеник е и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи на Република Македонија смее да побара таков вид белешка и пред која отчет за своето работење како извршна власт дава токму Никола Димитров во функција министер за надворешни работи.
Имено Никола Димитров и Антонијо Милошоски се препишуваат по втор пат овој месец. Првиот пат беше кога Милошоски побара на Комисијата за надворешна политика да се достават материјали со ознака “Доверливо” од средбите на владина делегација кај претседателот Иванов кои се одржале во јануари и мај оваа година за јавноста да дознае како Владата на Заев преговарала за промена на името и по која цена.
Ќе ја дознае ли македонската јавност вистината дали Милошоски измислува или Димитров лаже?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.