Министерот Димитров со неумесна изјава отвори прашања дали помошта од меѓународните партнери за референдумот значи и цензура на медиумите?

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 13:17

Димитров дали Стејт Департментот цензурира и медиуми во Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Владата има помош од Стејт департментот на САД во борба против сајбер напади и ширење лажни вести.

“Можам само кратко да кажам дека имаме одлична соработка со Стејт департментот во многу области кои вклучуваат и јакнење на административните капацитети на нашата влада и министерства вклучувајќи го и ова прашање” – рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали во средбите во Стејт департментот во текот на посетата на Вашингтон добил техничка или практична помош за македонската влада да се избори со сајбер нападите и да спречи поткупување на договорот со Грција и опструкција на претстојниот референдум за името.

Димитров рече дека лажите вести во предреферендумскиот период се оркестрирани.

“Не знам дали доаѓаат од еден центар, меѓутоа, често имаат пораки кои таргетираат ранливи места. Таргетираат меѓуетнички односи и ја разгоруваат омразата. Мораме да се соочиме со таа реалност и да работиме секој ден на спречување на тој предизвик.” – кажа министерот.

По оваа изјава а особено по последните денови кога низа медиуми регистрираат “пад” или “бришење” на свои вести кои ги објавуваат на социјалните мрежи но и портали кои посочуваат конкретни сајбер напади се отвора прашањето колку и дали Стејт Департментот и прави услуга во цензурирање и на медиумите на актуелната македонска влада?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.