Во дебатата по повод интерпелацијата за неговата работа во Собранието на Република Македонија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров потсети каде е македонската кауза денеска за разлика од претходниот период.
„Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации. Државјанството ни беше на ФИРОМ.
Денеска сме Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија, за која што немаме спорови, е во северниот дел од регионот. Македонскиот јазик е во нашата лична карта и ја заокружиме државноста и членството во ОН. Влеговме во НАТО и за нас повеќе не се зборува по ходниците во НАТО. Тоа е сосема различно со македонската кауза и македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година. Македонскиот јазик е вратен во нацрт преговарачката рамка и ние како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како и го покажавме тоа“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е затворена тема, рече Димитров, и додаде дека ние апсолутно не смееме да го губиме времето во чекање туку да работиме на остварувањето на европските стандарди и принципи дома.
Нашата битка за македонскиот идентитет, јас сум убеден дека го говорам ова во име на сите земји членки и на институциите во Брисел, е истовремено и битка за европскиот идентитет. Ако ЕУ ја гледаме заедница на вредности, една од тие суштински вредности наведена во Лисабонскиот договор е почит, заштита и нега на културните и јазичните различности на сите народи на европскиот континент. Во таа смисла ако ЕУ е заедница на вредности не може да биде оспорено правото на самоопределување на македонскиот народ кој говори македонски јазик. Тоа се нашите позиции таму“, нагласи Никола Димитров од собраниската говорница.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.