
Македонија
Вести
Министерот Димитров пак со свои толкувања на правни акти од државотворен вид, тврди дека Преамбулата нема да се менува.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција ги објасни клучните одредби од Договорот со Грција, за кои како што рече, се уште има многу дезинформации.

Димитров кажа дека уставните амандмани не се напишани, ниту се преговарани и ќе ги формулира Собранието низ јавна дебата и дебата во собраниските комисии.
Во Преамбулата на Уставот “ништо нема да се чепка во државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до рефрендумот за независност во 1991“, туку ќе ги наведе поединечни одлуките на АСНОМ. Формулации не постојат, ниту се преговарани. – кажа Димитров.
Тој ги објасни поентите и на останатите три амандмани:
Еден се однесува за додавањето на географската одредница “Северна” кон името Македонија. Со вториот се дава уште поцврста гаранција за границите и дека нема територијални претензии ниту Македонија кон Грција, ниту Грција кон Македонија. Додека третиот се однесува за грижата на нашите иселеници во соседните земји, која ќе се прошири за правата на целата дијаспора во целиот свет. – кажа Димитров.
Можеби министерот треба да ги достави нацрт документите за новата Преамбула и новиот Устав на Република Северна Македонија и да дозволи стручната јавност да оцени дали “и одлуките на АСНОМ” е исто што и “и антифашистичката Народно ослободителна борба”?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.