-Со тоа ги зацврстивме државноста, темелите и безбедноста на нашата Македонија и го отворивме патот за европските стандарди да ги донесеме дома.

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 17:22

Димитров: Ми беше чест што како министер за надворешни работи бев дел од историскиот пробив со членството во НАТО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изминатиот мандат, ми беше чест што како министер за надворешни работи бев дел од историскиот пробив со членството во НАТО и зеленото светло за преговори со ЕУ, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Со тоа ги зацврстивме државноста, темелите и безбедноста на нашата Македонија и го отворивме патот за европските стандарди да ги донесеме дома.
 
Сакам јавно да им се заблагодарам на сите вработени и соработници во Министерството за надворешни работи, но и на сите вам кои ми дававте поддршка и мудрост кога ми беше најтешко.
Човек е силен и способен толку колку што му се силни и способни тимот и пријателите.
А токму на патот што допрва не’ чека сплотеноста ќе биде клучна.
 
За мене, како човек кој целиот професионален живот го посвети на оваа идеја нема поголем предизвик од тоа да го водам најсуштинскиот и најважен државен процес.
 
Ова е мојата должност, но и должноста на нашата генерација – да ги зацртаме чекорите, да ги впрегнеме најспособните и под светлото на процесот од ден на ден да се менуваме.
 
Му благодарам на идниот премиер Зоран Заев и на СДСМ за довербата да бидам номиниран за вицепремиер задолжен за европски прашања, а вам ви ветувам дека од првиот ден ќе дадам се’ од себе за успешно да ја зграпчиме оваа историска шанса.
Одиме напред и ќе бидеме светол европски пример.
Одиме напред, таму каде припаѓаме, напиша Димитров!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...