Нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде дел од владата, но и да не биде дома, поради што, како што истакна, добил понуда за амбасадорско место што го одбил.

Објавил: Мате Парлоф | 13 јануари, 2022 5:37

Димитров: Ми понудија амбасадорско место само да ме нема во политиката

Фото/Текст извор: ©магазин

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија.

Нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде дел од владата, но и да не биде дома, поради што, како што истакна, добил понуда за амбасадорско место што го одбил.

Сакам да демантирам дека самиот сум се повлекол. Тоа не е точно. Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре особено во последната година во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката, ама и на стратегијата, односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна. Разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните настапи, рече Димитров на вчерашната прес-конференција.

Како што нагласи, во два наврати кога таа битка кулминирала за што јавноста не знае – еднаш во Брисел, еднаш во Скопје, јасно кажал дека нема да дозволи поставените граници да се поминат по каква била цена, а најмалку по цена на неговата позиција во Владата, потенцирајќи дека со тоа дал до знаење дека со него внатре за некои работи едноставно нема разговор.

Јас бев и целосно сум подготвен оваа битка да ја терам и понатаму без разлика на позицијата или функцијата. Во мојата кариера во оваа работа сум сретнал многу влијателни луѓе кои немаа функција, а сум сретнал и такви кои се на позиција ама немаат тежина, што вели нашиот народ „не им врви зборот“. Мојот збор ве уверувам дека врви и натаму ама за тоа да биде така јас треба да сум дома, да сум тука, да сум активен, да сум гласен и да имам слобода да се борам за моите позиции и мојата визија, рече вицепремиерот Димитров.

Тој нагласува дека затоа заедно со фактот што за неговите позиции немало простор во идната влада, не го изненадила и понудата да биде амбасадор во Вашингтон.

Тоа, потенцира Димитров, не само што ќе го тргнело од дома, туку и ќе му го врзело зборот, затоа што, како што рече, дипломатите додека се на должност немаат право да бидат гласни и јавно да се борат за своите ставови дома.

Кога го одбив Вашингтон, попат добив и друга понуда, да бидам амбасадор можеби во друга земја. Па, дури можеби и да изберам. Сфатив дека очигледно нечиј влог за да не бидам дома, а со тоа и да ослабат гласовите кои се на линијата во преговорите за коишто јас се борам е голем. Интересот да ме нема инаку не е само домашен. Знаете дека многумина кај соседот ќе бидат еднакво среќни да се ослободат како ме нарекоа вирус поопасен од КОВИД. Но, како што кажав и тогаш против вирусот на идеалите и принципите нема вакцина и токму овој обид да го нема мојот глас дома го прави мојот влог, мојот мотив да останам уште повеќе, рече Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика


ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани
22/06/2023 - 08:28471
Од: А1он
SHARE
САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
– Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот. Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ? САД потврди дека ДУИ е криминална. Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат. ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. Бараме сериозна реакција од институциите се вели во соопштението од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани! САД го...

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни анкети, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за барање гаранции дека нема да има друго вето со тоа што уставните измени ќе стапат на сила пред влегувањето во ЕУ има широка поддршка, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

- Какви било договори можат да се менуваат и дополнуваат, оттука не гледам причина зошто не би можел да се промени и овој договор со Бугарија, вели Андоновски и појаснува дека одговорот на предлогот на СДСМ веднаш да почнат уставни измени одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е може, под услов тие измени да важат по десетина години.

- Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија преговата за влез во ЕУ со Бугарија. Ние преговараме со ЕУ за влез во ЕУ и тоа преговараме на македонски јазик. Нам ни е битно уставните измени да се изгласаат сега за да може да се продолжи со вториот меѓувладин состанок со ЕУ, вели Миле Талевски од СДСМ.

24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции, СДСМ потенцира дека без уставни измени нема влез во ЕУ

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни...

ремиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.

dobivaj vesti na viber
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.

Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.

Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во...