Останува сомнежот ако Димитров ја говори вистината дека е во политиката од 1996-та како успеал да ја преспие 2001-ва но и 2004-та година

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 6:03

Димитров: “Ние ќе бидеме тоа што сме Република Северна Македонија!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојкотирам е бегање од одговорност да се одлучи за прашање од кое зависи мојата иднина и иднината на мојата земја изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето гостување во “ТВ 24”.

Според него кукавичлук е да се бојкотира референдумот да се бојкотира како што рече својата иднина и својата земја.

“Излези и гласај па макар и против ама негласањето е багање од личната и општествената одговорност. Од 96-та година сум во дипломатија. До овде ми е од таблата ФИРОМ. Што значи тоа? Не можеме со други земји да влегуваме во договори. Мораме тоа да го правиме со писмо. Време е да се надмине разликата околу името со Грција да станеме пријатели со нашите соседи.” – рече тој.

Димитров уверуваше дека со Договорот се зацврстува државноста на Македонија и се заштитува македонскиот национален идентитет.

“Ние ќе бидеме Република Северна Македонија. Ќе бидеме тоа што сме. Ќе бидеме Македонци етнички како народ македонски народ. Ние успеавме другата страна да го прифати нашето право на самоопределување. Ставаме една точка на дилемите дали сме прифатени и оспорувани.” – изјави министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.