Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври – нагласил Димитров, порачувајќи дека треба да се искористи оваа, како што вели, историска шанса и во октомври земјава да добие одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 септември, 2019 21:36

ДИМИТРОВ ОД ПАРИЗ: „Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се значи владеење на правото„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од наша страна, е истакнато дека добивањето позитивна одлука за Македонија за отпочнување пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средбите во Париз со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Министерот Димитров рече дека треба да се искористи оваа историска шанса и во октомври земјава да добие одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

Со Преспанскиот договор успеавме со нашите грчки пријатели да постигнеме вистински европски компромис во регион каде тешко се прават компромиси. Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се значи владеење на правото. Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври – нагласил Димитров од Париз.

Веднаш по работната посета на Париз, министерот Никола Димитров ја продолжува работната турнеја, фокусирана на европските аспирации и очекувања на Република Северна Македонија во пресрет на октомвриските Совети на Унијата, со работна посета на Брисел на 10 и 11 септември 2019 година, а последователно и на Берлин на 12 и 13 септември 2019 година, пренесе Миа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра.

По 47.000 евра патни трошоци за пратеник – ТВ21 открива: Колку нѐ чинеше последниот парламентарен состав?

Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен...

„Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку не имало победа зад себе и без да има легимитет зад себе!

Арифи: ДУИ не е блеферска партија, но во ВМРО-ДПМНЕ не гледам коалициски партнер

„ДУИ не е блеферска партија, луѓето веруваат во нив и низ процес на разговори можат...

Кој нормален човек во Македонија после се што се случи ќе гласа за „психопатот„ Зоран Заев? Дали Македонецот заслужува да го води „монструм„ каков што е Заев?

БЕЛЕСКИ: На 15 Јули е поседниот воз да се спаси Македонија од канџите на предавниците- ГЛАСАЈТЕ ЗА ОБНОВА!

Македонскиот активист и хуманист Васко Белески, на социјалните мрежи повика на 15 јули...

Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

Ахмети: Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата на Македонците, ние си го бараме своето

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија...