Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 19:08

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник, Никола Груевски, дека пребегал во Унгарија, и дека во Будимпешта бара политички азил, дипломатски притисок во Скопје.

Имено од официјална Будимпешта ни портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач не може ниту да ја потврди, ниту, пак, да ја демантира објавата на Facebook профилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил.

Ние не можеме да коментираме индивидуални барања за азил кои се уште се во процес на обработка. – изјавил Ковач.

Од друга страна од дипломатски извори од македонското МНР, дознаваме дека денес во 15 часот бил повикан на разговор амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс Иствар.

Иако се пренесува дека на средбата се појавил лично амбасадорот, од МНР дипломатски извори информираат дека присутен бил неговиот заменик. 

Тема на средбата секако било барањето политички азил на поранешниот македонски премиер, актуелен пратеник, Никола Груевски, за која од страна на заменикот било посочено дека не е област за која е овластен да дискутира. 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на средбата бил видно вознемирен.

Очигледно информациите како и со чија помош пребегнал Груевски не стигаат до него. 

При средбата државниот секретар при МНР, Виктор Димовски дури и имал обид за закани со мерки против Унгарија, во случај државата да му го одобри барањето за политички азил на Груевски.

Заменик амбасадорот на Унгарија ги ислушал и министерот Димитров и државниот секретар Димовски, по како што не информираат дипломатски извори, имал само едно прашање, дали МНР е сигурно дека други државни институции и носители на функции во Македонија немале информации за движењето на посоченото и барано лице?

На ова изостанал возвратен коментар и од Димитров и од Димовски, по што заменик амбасадорот се заблагодарил за средбата.

Доцна попладнево и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за унгарските медиумите ниту ја потврди, ниту ја демантира информацијата за евентуалниот барател за политички азил под името Никола Груевски. Сијарто посочил на законот за азил кој вели:

Лицето кое бара азил мора да аплицира до Управата за имиграција и азил, веднаш штом се најде на територијата на земјата. Овој орган има законски рок од 60 дена да го прифати или одбие барањето, до кога треба да ги слушне причините зошто апликантот бара политички азил. Унгарскиот закон предвидува и забрзана постапка, во која може да се одлучи за 15 дена.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...