По повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, Димитров со премиерот Оливер Спасовски и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе го посетат преспанскиот регион.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2020 11:45

Димитров: Се ослободивме од навредливата придавка „бивша“ или „поранешна“

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни. Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија, изјави шефот на дипломатијата, Никола Димитров во изјава за МИА. 

Денеска навршуваат две години од потпишувањето на Договорот од Преспа. Тоа е контроверзен меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот беше потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. 

По повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, Димитров со премиерот Оливер Спасовски и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе го посетат преспанскиот регион.

-Го избравме правиот пат, што за само две години ни го донесе членството во НАТО и пристапните преговори со ЕУ. Конечно се ослободивме од навредливата придавка „бивша” или „поранешна” и го финализиравме процесот и државната лична карта во светското семејство на ОН, вели Димитров, и додава: Пред нас се клучни избори и нов крстопат: назад кон слепата улица или напред по вистинскиот пат кон стабилна, европска и просперитетна иднина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.