Новиот бугарски премиер Кирил Петков би требало да ја посети Македонија на 18 јануари.

Објавил: Македонка Димкин | 12 јануари, 2022 15:43

Димитров – сменет сум за да ме замолчат

Фото/Текст извор: ©слободна европа

Вицепремиерот во заминување Димитров на последната негова прес-конференција порача дека нема доверба во министерот Османи за спорот со Бугарија, како и во други членови на Владата. Сменет е од функцијата, како што рече, за да го замолчат. Димитров порача дека будно ќе го следи процесот.

Со критика до Владата пред се за процесот за решавање на спорот со Бугарија и со порака дека му е должност кон граѓаните да запали аларм за посебна будност во однос на прашањето, од функцијата си заминува вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Тој на прес конференцијата во Клубот на пратеници рече дека неговите ставови во преговорите со Бугарија во многу наврати биле спротивни од неговите колеги во Владата. Според него, СДСМ му го понудила амбасадорското место во Вашингтон, за како што наведе Димитров, да го замолчат.

Демантирам дека самиот сум се повлекол. Тоа не е точно. Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре, особено во последната година во однос и на дефинирањето на националните позиции. Значи за самата суштина на маката, ама и на стратегијата, односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна. Разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните настапи“, рече Димитров.

Тој додаде дека во два наврати таа битка кулминирала во Брисел и во Скопје кажал дека преку поставените граници немало да дозволи да се помине по било која цена.Воедно тој порача и дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи кој останува на истата функција и во новата Влада.

„Имам едно чувство дека таму има еден драјв за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. можеби и грешам. Се надевам дека грешам. Меѓутоа моја граѓанска должност, како човек што со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот и јавно и гласно ќе алармирам тогаш кога мислам дека работите одат во лош правец“, рече Димитров.

И за разрешениот Специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковскиисто така посочи дека бил глас кој не бил во линија со неговите позиции.

Заклучоците од Советодавниот Совет за безбедност на Бугарија од пред некој ден, според Димитров ја потврдиле статус-кво состојбата бидејќи ја потврдуваат декларацијата од бугарското собрание и рамковната позиција на нивната влада.

„Еден документ што е непристоен и нецивилизациски и е навредлив посебно за македонскиот народ оти зборува за етно инженеринг и итн. Небаре, во историјата на создавање на народи и нации има природен и неприроден начин на создавање на народите“, вели Димитров.

поред него, прашањето е поважно од Владата и затоа тој најави дека ќе биде пречка за лошо решение. Димитров додаде дека чепкањето во македонскиот идентитет е контрапродуктивно за македонско бугарското пријателство, за улогата на Бугарија во регионот и за перцепцијата на земјата во важните партнерства. Македонскиот јазик, како што рече, е интимна работа и е наш и не е предмет на признавање од никого. Никогаш не добил, како што порача, јасен одговор што не се спроведува од договорот за добрососедство и пријателство и потсети на членот 2 дека Бугарија има обврска да и биде од помош на земјава на европскиот пат.

Димитров посочи и дека неговите позиции во Владата и со колегите биле различни на многу теми, како мерките против пандемијата, ставовите за легализација на дивоградбите, медиумуските политики .

За мандатарот за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски рече дека нема искуство и знаење во делот на надворешната политика. Димитров најпрвин беше министер за надворешни работи , а потоа стана вицепремиер.

Инаку, Бугарија ја блокираше македонската европска интеграција во 2020 година, тогаш главно поради историски нерешени прашања, а со инсистирање Скопје да признае дека македонската нација не постоела до 1944 година, дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, дека двете земји имаат заедничка историја, а таа е бугарска.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков би требало да ја посети Македонија на 18 јануари. Неговата посета ќе соодветствува и со изборот на новата Влада. Ова би била прва посета на бугарскиот премиер откако беше избран на функцијата. Надежите дека во декември земјата ќе добие датум за преговори се урнаа откако Бугарија соопшти дека нема намера да ја промени својата позиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...