Димитров истакна дека почитувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 18:18

Димитров со патриотски став: Ние сме македонски народ и зборуваме на македонски јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава за Дојче Веле на македонски јазик и Радио Слободна Европа, министерот за за надворешни работи Никола Димитров ја коментираше поддршката од Бугарија за почеток на преговори со ЕУ на нашата држава со одредени дадени услови.

Сметаме дека не смее да биде доведена во прашање европската иднина на Северна Македонија и прашањата поврзани со идентитетот на македонскиот народ не може да бидат услов за нашиот пат кон Европа, особено не во 2019 година и не во ЕУ. Ние имаме право на самоопределување, изјави Димитров

Димитров истакна дека почитувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

Во духот на европските вредности цениме дека двете страни треба да се воздржат од условувања кои не водат кон унапредување на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ. Во духот на европските вредности цениме дека двете страни треба да се воздржат од условувања кои не водат кон унапредување на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Со Договорот за пријателство и добрососедство почнавме еден многу важен историски процес на спријателување и зближување. Ако сакаме да успее тој процес треба да постои разбирање за другиот. Разбирањето за заедничката историја, мора да оди заедно со разбирањето за денешнината и иднината. За нас е од суштинска важност нашиот македонски идентитет – ние сме македонски народ и зборуваме на македонски јазик, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...