Политичките аналитичари, сметаат дека Димитров, сега јавно пропагира, дека и од оваа и од онаа страна на границата меѓу двете држави, живеат Македоници

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 12:18

Димитров топ тема во Грција: „Македонци и вие, Македонци и ние“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчките медиуми во шок, не знаат дали министерот Никола Димитров се шегувал, или изјавата ја дал од функцијата која ја претставува.

Она што министерот на ФИРОМ го изјави е скандал. Испаѓа дека од оваа и од онаа страна на границата со нашиот северен сосед живее ист народ, Македонци, е коментарот на медиумите кои се осмелија да дискутираат на темата.

Димитров оптимист за референдумот“; „Димитров: Македонци и вие, Македонци и ние“; „Димитров: Македонскиот јазик е во групата јужнословенски јазици“; „Димитров: Договорот ќе биде прифатен, ние сме природни сојузници“; „Димитров: Правото на самоопределување не може да се оспори“; „Димитров: Македонци и ние, Македонци и вие, зошто ова да биде проблем?“.

Ова се дел од насловите во изданијата на грчките медиуми за интервјуто на шефот на македонската дипломатија за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), кое  беше објавено во саботата.

Грчките медиуми, без дополнителни коментари или анализи, само со променети наслови, го пренесоа текстот од ИБНА или од грчката новинска агенција АНА-МПА.

Министерот за надворешни работи на поранешната југословенска Република Македонија, Никола Димитров е убеден дека граѓаните на ПЈР Македонија, ќе го поддржат договорот со Грција, бидејќи според него, мудро одбираат кога се соочени со историски предизвици, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.