Како што објасни Димитров, согласно праксата, но и актуелниот Закон за надворешни работи, првиот чекор при назначувањето на амбасадорите е консултација со претседателиот на државата, а вториот е усвојување на предлозите за кандидати за амбасадори од страна на Владата.

Објавил: Весна Петровска | 12 декември, 2019 21:30

Димитров: Целосен пресврт во назначувањето амбасадори, наместо партиски кадри, се именуваат професионалци

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Претседателот на државата нема да биде изненаден од кандидатите за амбасадори. Има целосен пресврт во нивното назначување, наместо политички кадри, сега се именуваат рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашната емисија „Вин – Вин“ на телевизија Телма.

Како што објасни Димитров, согласно праксата, но и актуелниот Закон за надворешни работи, првиот чекор при назначувањето на амбасадорите е консултација со претседателиот на државата, а вториот е усвојување на предлозите за кандидати за амбасадори од страна на Владата.

Шефот на дипломатијата нагласи и дека интенцијата на новиот закон за надворешни работи е да им се врзат рацете на министрите и да се вопостави критериум.

-Бидејќи потекнувам од МНР, сакам да има мерит систем, сакам да ги врзам рацете на идните министри и своите раце, да има критериум. Ќе биде многу смешно и трагично ако синдикатот турка кон политизација, а раководството во МНР кон професионализација, подвлече Димитров.

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори, што ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Мицкоски со поддршка до Израел: Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо!

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно...

Според член 174 од Законот за внатрешни работи, „работникот, со писмена изјава до Министерството за внатрешни работи, може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до навршување 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст“.

По „брза постапка“ е пензиониран началникот на Секторот за организиран криминал во МВР

На началникот Лазе Велковски, кој работел на неколку од последните акции за заплена...

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот...

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...