Тој нагласува дека разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата.

Објавил: Весна Петровска | 19 јуни, 2019 23:32

Димитров: Јас не сум историчар за да одговорам дали Гоце Делчев е Бугарин

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Никола Димитров беше гостин во емисијата Топ тема на Телма каде беше прашан за Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.

Гоце Делчев бил македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација

Тој нагласува дека има разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата.  Појаснува дека Софија сака побрзо да се усогласат спорните делови од историјата, „а наша задача е да им создадеме на историчарите услови, во кои ќе можат да донесат вистински решенија засновани на факти, но и меѓусебно почитување“.

Димитров за изјавите дека Гоце Дечлчев бил Бугарин истака дека ваквите прашања се многу деликатни и дека мора да се решаваат со мудар пристап.

– Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи, изјави Димитров во Топ тема.

Напомена дека постојат две ситуации кога може да дојде до уривање на овој процес.

-Првиот ризик е ако се преправаме дека се зближуваме и дека разговараме за тешки прашања, а другиот ризик е ако има условување и несоодветен притисок, имајќи предвид дека Бугарија е земја-членка на Унијата, додаде Димитров додавајќи дека, тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас, нагласи шефот на дипломатијата.

За ликот и делото на македонскиот револуционер се крена голема фама од страна на Бугарија, каде без пардон велат дека тој е бугарски револуционер.
Захариева неодамна изјави Гоце Делчев самиот се прогласил за Бугарин што наиде на голем револт кај македонскиот народ.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели Захариева и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.

По оваа изјава беше прашан и претседателот на македонската комисија за односите со Бугрија, Драги Ѓоргиев кој изјави дека во македонските учебници, Гоце Делчев ќе остане како македонски револуционер и дека никако нема да биде прифатено тој да биде признаен како бугарски револуционер. И ако де инсистира од бугарската страна да се напише Гоце Делчев како бугарски револуционер, тогаш паѓа во вода договорот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...