Живот
Интервју
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека на овие избори се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата.
-Иако голем дел очекуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди надоле и во изолација, морам да кажам дека овојпат се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја научила лекцијата.
Програмскиот аспект беше многу подобар од оној на СДСМ, која некако арогантно влезе. Но, и оној сегмент однос со другите етнички заедници, ВМРО-ДПМНЕ ја прошири коалицијата, СДСМ ја намали.
Митко Јанчев за одредени политики имал различни ставови од ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше и направи одличен резултат. СДСМ пак, Максим Димитриевски кој имаше различни статови, не го кандидираше, рече Димовски.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатниот магазин на ТВ21 истакна дека многумина се надевале и очекувале дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе оди надолу, но сепак овој пат тие покажале дека ги научиле грешките од минатото.
Тој додаде дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ имала промени од програмски и кадровски аспект, и истата била едно освежување!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интервју
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.