Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, по изјавата на претседателот Стево Пендаровски, реагираше со Твитер статус.
Полоша изјава од Претседател на држава немало во последните 30 години. Најлошите изјави на Киро, Борис, Бранко и Ѓорѓи не биле толку штетни како оваа. После ваква изјава Пендаровски треба да биде ослободен од маката и навистина да му се даде можност да се исели, напиша Димовски.
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски рече во Нови Сад дека би се иселил од својата држава да не е претседател „никој не е луд да го бара својот живот во тие години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“.
Тој рекол дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но дека државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.
– Малиот Шенген е една од иницијативите, но таа нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме целосно зависни од концептот на Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум на млади лидери.
– Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да трансформираме наше друштво, но вистински, не бирократски, рекол Пендаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.