Претседателот на Комисија за избори и именувања, Илија Димовски со појаснување што е избирачки список, што е државјанин на Македонија и зошто СДСМ се скара со СДСМ

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 14:14

Димовски со лекција: Не критикувајте го СДСМ за избирачкиот список, не разбираат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Избирачкиот список се прави врз основа на регистар на државјани и затоа нема потреба да се критикува СДСМ што не е прочистен списокот на гласачи, коментира пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.

На социјалните мрежи, Димовски забележува дека избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги.

Избирачкиот список, вели, се прави врз база на регистар на државјани на Македонија што го води Министерството за внатрешни работи.

“Значи, не врз основа на список на жители, туку врз основа на регистар на државјани… Каде и да живеете на планетава, ако сте државјанин на Република Македонија, мора да си дел од избирачкиот список… Така било од 1990 година наваму… За оние кои не знаат, според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни…” – наведува Димовски, кој е претседател на собраниската Комисија за избори и именувања, преку која одеше изборот на актуелниот состав на ДИК.

Тој посочува дека трагикомично е што поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот.

“Не критикувајте ги. Тоа е тоа. Не можат да бришат од список ако некој е државјанин… Плус, списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ.” – забележува Димовски.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

За ВМРО - ДПМНЕ и по 125 години од формирањето на Македонската револуционерна организација, борбата трае, овој пат за спас на името и Македонски идентитет

И по 125 години трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација

ВМРО – ДПМНЕ, како идеолошки наследник на Македонската револуционерна борба, денес...

Ванковска важи за гласен критичар на сите владини политики без разлика на партиската припадност, но очигледно актуелната се обиде да ја замочи, барем на социјалните мрежи

Блокиран ФБ профилот на проф. Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, се соочи...

Тодоров смета дека со ВМРО - ДПМНЕ владее структура на УДБА, иста онаа која го постави за министер, Јанчев пак смета дека требало да го пофалат а не да го споредат со Мијалков

Тодоров го исклучила УДБА, Јанчев е само навреден, очекувал пофалби

По синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на партиски функционери...

СЈО и Кривичен, негираат дека Мијалков доставил барање за враќање на македонската патна исправа, но не коментираат за поседувањето важечка од Република Чешка

СЈО и Кривичен со изјави дека не е вратен пасошот на Мијалков, чешкиот не е ни одземен?

По информацијата од партиски извори дека вчера пред ЦК на ВМРО – ДПМНЕ на барање...