
Македонија
Фејсбук
Амди Бајрам, еден од луѓето кои долго опстојуваа на политичка сцена во самостојна Македонија, почина на 64-годишна возраст, по компликации со срцето. Оваа вест ја потврдија денеска од неговата партија на „Ромите“.
На социјалните мрежи денеска се простуваат неговите долгогодишни соработници, пријатели и јавни личности.
Освен Сашо Мијалков и пратеникот од Вмро-дпмне, Илија Димосвки, се прости од Амди Барјам кој почина по компликации со срцето!
Го познавав долги години, беше весел, итар, полн со анегдоти, секогаш внесуваше смееа, па и во најтешки моменти…
Фармерките од Трст, првите негови избори за пратеник, голот со пета, годините на незаслужен одмор во Идризово, велешкото потекло на неговата мајка,… се само мал убав дел од памтењето на неговите зборови…
Ја сакаше Македонија и страдаше што мораше да прави така како што направи последните години…
Нека Господ го чува весел каков што беше!
Бог да го прости, напиша Димовски!
Пред неколку месеци на Бајрам му беше ампутирана едната нога поради дијабетес.
По операцијата рече дека останува посветен на партијата, а верува дека по неговото пензионирање ќе дојде нова генерација политичари кои ќе придонесат за граѓаните Роми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.