Одолговлекувањето на носењето на заклучок во Бундестагот според него е поучна лекција за македонската влада, дена сепак нешто не е во ред.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2019 22:18

ДИМОСКИ: „Повторните победнички изјави на Заев не носат ништо ново„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека одолговлекувањето на носењето на заклучок во Бундестагот според него, е поучна лекција за македонската влада, дека сепак нешто не е во ред.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма, рече дека очигледно има некоја подлабока причина зошто Македонија и покрај промената на името не добива датум за преговори со Унијата.

Видете не е добра вест што Германија на некој начин со дипломатски потези во изминатите две, три недели за прв пат во овие 20 години покажа малку успорена желба во нејзиниот однос кон Европските интеграции кон Македонија. Ова прв пат се случува, потенцирам. Секогаш досега во изминатите 10-15 години, Германија била една од државите на рангот на Унгарија, на Словачка, на Чешка, беше спонзор на пробивот. Денешната средба од она што го знаеме не донесува ништо ново, потенцираше Димоски.

Ставот дека во септември Бундестагот ќе заседава по ова прашање е став кој што го знаевме и пред една недела, истакна Илија Димовски.

Така да тука има некоја подлабока причина која што ние еве дополнително ќе ја дознаваме. Нашиот сомнеж и нашето мислење е дека германската држава врз база на сериозноста која што ја има во однос на приодот кон Балканот е апсолутно свесна за многу недостатоци кои што се случуваат во Република Македонија и очигледно дека врз основа на оној занес после Преспанскиот договор не нашла доволно причини да го држи тој бран на некаков позитивен занес за Република Македонија.

Тој истакна дека сето ова е жално и тие многупати минатиот период укажувале дека не изгледа се така како што владиниот ПР сака да го спакува.

И од тој аспект тој би предупредил дека повторните победнички изјави, на Заев не носат ништо, напротив може дополнително да развијат впечаток на нашите партнери дека тука во државата Република Македонија, политичарите не се доволно сериозни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.