Дипломатот (42) паднал на тест за алкохол, покажувајќи 0,34 промили.

Објавил: admin@magazin | 22 јануари, 2020 23:39

Дипломатот од Дачиќ направил скандал во Романија: Возел пијан, бегал од полицијата а потоа направил сообраќајка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Романските медиуми објавија дека почесниот конзул на Србија, Давид Азато, бил уапсен во Букурешт, откако бил запрен од полициска патрола и било утврдено дека е под дејство на алкохол.

Се додава дека дипломатот првично одбил да го запре возилото и во таа прилика го повредил полицискиот службеник.
Дипломатот (42) паднал на тест за алкохол, покажувајќи 0,34 промили во крвта.

Бидејќи службеникот бил повреден во инцидентот, против дипломатот ќе биде поднесена кривична пријава, пренесуваат медиумите.

Поточно, полицијата сигнализираше возачот на автомобилот со странските таблички да застане, но тој не го стори тоа. Возачот бил со 3 други лица во автомобилот.

Медиумите објавија дека Азато на крајот се судрил со полициско возило и притоа во несреќата повредил еден полицаец. Тие тврдат дека Азато дал детски одговор – дека тој не запрел затоа што се плашел!

Српската амбасада во Букурешт не ги коментираше за овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Гејтс тогаш предупреди дека смртоносен вирус може да еруптира во следната деценија, убивајќи 30 милиони животи во првите 6 месеци и продолжува да расте експоненцијално.

Овој милијардер го предвиде корона висрусот: Гејтс вложи големо богатство во вакцините, еве колку жртви се очекуваат

Светските медиуми јавуваат дека американскиот милијардер Бил Гејтс однапред предвидел...

„Ние станавме земја која истовремено работи на 700 проекти во одбранбената индустрија и е една од четирите најразвиени земји кога станува збор за технологијата на беспилотни летала.

ЕРДОГАН ГО НАЈАВИ ПРВИОТ ТУРСКИ АВТОМОБИЛ: Одбрамбената индустрија работи на уште 700 проекти(ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во моментов работи на...

Д-р Линг Жипеи кој е вработен како хирург во општата болница People’s Liberation Army операцијата ја извршил на оддалеченост од илјадници километри

До каде ли отиде технологијата- Извршена првата операција на мозок од далечина преку 5G технологија

Верувале или не, доктор од Пекинг успеа да ја направи првата операција во светот на...