Дуџак заедно со Димитров се наведени во официјалната и потврдена програма според која тие требало да се обратат пред присутните. За разлика од Димитров Дуџак се појавила на настанот.

Објавил: Весна Петровска | 25 октомври, 2019 10:00

Дипломатски скандал во МНР, ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ГИ НАВРЕДИЈА ООН

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Македонското министерство за надворешни работи вчера  на Денот на Обединетите Нации не се појавиле ниту премиерот Заев ниту домаќинот, министерот за надворешни работи, пишува Експрес.мк

Дипломатски извори во Скопје кои инсистираат на анонимност брифираат дека скандалот се случил за време на прославата на денот кога пред 74 години стапила во сила Повелбата на Обединетите Нации.

Во чест на јубилејот на ОН македонскиот министер за надворешни работи организирал свеченост на која требало да присуствува и шефицата на канцеларијата на УНДП (Програма за развој на ОН) Росана Дуџак која е координатор и официјален претставник на сите агенции на Обединетите нации во Македонија.

Дуџак заедно со Димитров се наведени во официјалната и потврдена програма според која тие требало да се обратат пред присутните. За разлика од Димитров Дуџак се појавила на настанот.

Најпрвин и покрај потврдата дека ќе учествува, пред два дена настапот го откажал премиерот Заев а скандалот се случил откако и министерот за надворешни работи НИкола Димитров на само половина час пред настанот го откажал своето учество.

Неофицијално премиерот Заев бил изваден од официјалната најава само поради безбедносни причини и тој требало да се појави но и него го нема на прославата на денот на ОН.

Според најавениот протокол договорен меѓу МНР и ОН точно напладне Димитров требало да ја пречека Дужак во зградата на МНР по што било планирано да одржат кратки говори. Но изненадување на гостите нешто пред 12 часот министерот Димитров бил забележан од странски дипломати како заминува во непознат правец со своето службено возило.

Според дипломатите ова е невообичаено и навредливо дипломатско однесување спротивно на Виенската конвенција.

Единственото оправдување за ваквиот недипломатски гест на Димитров може да биде само доколку постоеле некакви безбедносни закани за гостите и за Димитров но за вакво сценарио не е известен ниту еден од гостите ниту луѓето одговорни за безбедносни прашања во системот на Обединетите Нации во Скопје.

Според традицијата на денот на ОН на настанот што се организира во македонското министерство за надворешни работи секогаш се обраќа македонскиот министер.

Денеска за прв пат во историјата се случува организаторот и домаќин да го наруши протоколот и да ја прекине традицијата изразување почит кон ОН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...