Денеска е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Објавил: Перо Милчин | 18 февруари, 2021 7:17

Директорите на училиштата на средба со Царовска: Реформите се нужни, посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката и заменик министерот за образование и наука, Мила Царовска и Арафат Шабани по средбата изјавија дека заклучокот од состанокот е дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како од секоја новина така и оваа постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада.

„Директорите на училиштата кои исто како и наставниците се наш многу важен партнер во имплементацијата на целиот овој процес. Од состанокот заклучивме дека постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада и интензивна обука на наставниците за да може да се прилагодат на новата концепција. Наша цел е темелно да ја подготвиме реформата која за првпат се фокусирана најважното, а тоа е знаењето на децата. Тоа значи дека сите заеднички ќе вложиме максимални напори за да го подготвиме системот за имплментација и да ги подготвиме наставниците. Ова е предуслов за воведување на реформата и сигурни сме во следниот период имаме време да се подготвиме добро. Реформата е започната навреме и со години трае овој процес кој сега мора да финишира, бидејќи секој ден доцнење е на штета на идните генерации“, рече Царовска.

Директорите на основните училишта на средбата дадоа поддршка на реформата и посочија дека се подготвени целосно да се посветат на нејзината имплементација во 1 и 4 одделение од идната учебна година.

Даваме максимална поддршка на спроведувањето на реформите и активно и посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација. Силно верувам дека успешното спроведување на оваа концепција значи и успешни идни генерации“, рече Миле Младеновиќ директор од ОУ „Димитар Влахов“ во Штип.
Катерина Арсовска, директорка на ОУ „Ј.Х. Песталоци“ од Центар рече дека како директори добро ги познаваат проблемите во образовниот систем и реформата е фокусирана директно на решавање на овие проблеми.

„ Оваа концепција е одговор на долгогодишните барања на наставниците да имаат поголема автономија во држењето на наставата, но и на учениците и родителите и затоа е неминовно да се имплементира“, рече Драгица Спасова директорка на ОУ „Сандо Масев“ од Струмица.

Директорот Шанија Ајроски од ОУ „Ристо Ристески“, Долно Косоврасти,  дебарско, истакна дека со реформите за прв пат МОН, Бирото за развој на образование и експертите нудат концепција којашто е во најдобаро интерес на учениците. Претходно се правеа реформи, но не беа целосни и опфаќаа само сегменти од образованието“, рече Ајроски.
Марија Трајковска директорка на ООУ Таде Хаџи-Тефов од Кавадарци истакна дека ќе се вложат максимално за да ги имплементираат реформите, бидејќи со новата концепција добиваат и наставниците и учениците.

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Стекнувањето на основните информации преку конкретни истражувања, односно искуствено научени лекции, се основните предуслови да се осознаат проблемите, но и поголем мотив да се делува во насока на заштитата на животната средина и активно вклучување на младите во сите фази на заштитата. Всушност, во училиште се учи љубовта кон планетата Земја.“

Царовска: Во училиште се учи љубовта кон планетата Земја

„Во глобалната акција за спасување на планетата Земја, децата односно учениците...

По усвојувањето на новата Концепција за основно образование и изработката на новите наставни програми, се воведува и современа дидактика со која значително ќе се подобри квалитетот на воспитно – образовниот процес и наставата.

Министерство за образование и наука: Преку современи учебници без грешки го подигаме квалитетот на образовниот процес

Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат...

Со инвестицијата од 5 милиони денари опремени се новите клинички сали сместени на три катедри, со што студентите добиваат соодветни услови за успешно спроведување на клиничките вежби.

Царовска: Со континуирани инвестиции се гради квалитетно високо образование

Само континуитет на инвестиции во образованието може да донесе квалитетно образование. Ова...

Во Гостивар конкретно има три стручни училишта: средното техничко, средното економско и средното медицинско училиште. Во нашето општество генерално има еден парадокс кој не може да се објасни.

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“,...