-Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки, истакна Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 мај, 2021 5:28

Директорката на Инфективна Стевановиќ, Андријана Будимир, Нина Фити избрани во Извршниот одбор на СДСМ

Фото/Текст извор: ©фокус

СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вчера вечер лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти. Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.

-Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки, истакна Заев.

-Новиот состан на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата.

Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат државотворните партии како што е СДСМ. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови на новиот ЦО 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата, нагласи Заев.

Тој подвлече и дека има припадници од сите етнички заедници, што ја прави партијата уникатна.

Како што соопшти Заев на прес-конференцијата, за претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово, додека членови на Извршен одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска, Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвомсилена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дела ги вреднува младоста и квалитетот.

-Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволем мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност, потенцира лидерот на СДСМ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, рече Ахмети

Ахмети за расколот во ДУИ: Без секого се може

Лидерот на ДУИ застана во одбрана на вицепремиерот Груби. Ден по писмото во кое 20 истакнати...

И таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.

Груби: Во контакт сме со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе гласаат за уставните измени

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека секојдневно имаат...

Тој не ја исклучи и можноста поранешниот заменик-министер за образование од СДСМ, Петар Атанасов, да биде дел од тимот што ќе го понуди ова движење

Максим Димитриевски најави учество на следните парламентарни избори, формира граѓанско движење

Движењето, според неговите најави, би се промовирало кога ќе се знае датумот за следните...

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и тие го прифаќаат тоа со овие уставни измени.

Груби: Расте проевропското крило во опозицијата кое ќе ги поддржи уставните измени

Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус...