Докторката од кожно беше меѓу првите заболени од коронавирусот, потврдено е дека зарази 6-мина колеги, а околу 200 беа во карантин. Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 април, 2020 20:35

Директорката на Кожна клиника Цаца- Билјановска и момчето од Карпош ќе одговараат за ширење на коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Истрагите за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести и момчето од скопската населба Карпош, кои кривично се гонат заради ширење на коронавирусот,  не може да завршат се додека не оздрават луѓето кои ги заразиле.

Од обвинителството за Канал 5 потврдуваат дека се собираат материјални докази- медициниска документација од болниците каде се лекуваат луѓето кои ги заразиле, а за вербалните докази односно исказ од заболените ќе се почека тие да оздрават, доколку е потребно за изјава ќе се повикаат и нивните лекари, објаснуваат од обвинителството.

Докторката од кожно беше меѓу првите заболени од коронавирусот, потврдено е дека зарази 6-мина колеги, а околу 200 беа во карантин. Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.

Неодговорност се истражува и за момче од Карпош, потпишал изјава за карантин, но не ја почитувал, се разболе неговиот татко и уште неколку колеги, а првично изјавите беа дека се заразиле од нивни соработници од Србија. На списокот на заразени од ова семејство се брои и медицинска сестра од домашна посета која се заразила од таткото-според одговорните од итна помош ја повикал службата без да каже дека чека резултати за ковид 19. Се поизвесно е дека двата случаи ќе зарвшат со обвинителен акт, за делото е пропишана и затворска казна.

Највисока парична казна за ширење на вирусот е 5000 евра изречена во случјот со заразеното 4-годишно девојче од Штип, неодговорно член на семејството одел кај соседите и на одделот за уво нос и грло. 4500 евра треба да плати докторот од Кавадарци кој наместо да седи дома по враќањето на ќерката од Италија тој продолжил да оди на работа.

До сега во основните судови, решени се вкупно 82 казнени налози заради непочитување на мерките за време на пандемијата. Изречените парични казни се поткрепени со полициските записници, присуство на прекршителите во судот не е потребно, само доколку приговараат па ќе се чека да им помине карантинот.

Извор: Канал 5

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Напомена дека мерката карантин била неопходна з анамалување на бројот на заразени з авреме на продолжениот викенд а воедно и посочи дека од понеделник можно е да нема рестриктивни мерки.

Филипче: Нема да се тестираат лицата кои биле надвор од Скопје овој викенд

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека...

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Силјановска-Давкова: Воведоа мерки како да не очекува ураган и тоа најчесто за викенди!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен...

Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

АЛИ АХМЕТИ: Време е за првиот премиер Албанец во Македонија!

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук...

Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Пановски: Држава која не може да ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат колони...