На својот фејсбук профил се огласи директорката на „Танец“ која со дефанзивно-напаѓачки став одговри на недоумиците на авторката од Магазин.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 14:24

Директорката на „Танец“ ги доживеала лично прашањата за легалноста во настапот на „Танец“ на лична прослава

Фото/Текст извор: ©магазин

По вчерашната овјава на Магазин дека на свадбената прослава на секретарот на СДСМ – Љупчо Николовски настап имала национална установа „Танец“ и покренување на прашањето за легалноста на настап на Национална установа на приватна прослава, се огласи и директорката на „Танец“ – Бранка Костиќ – Марковиќ. Нејзиното име беше споменато во текстот но таа ниту беше цел, ниту мета на истражувањето, нејзиното споменување во текстот дојде откако по истражување и пребарување откривме дека нејзиното име е најексплоатирано и најчесто се доведува во комбинација со политичките афери и случувања во институциите на културата. Од медиумските наслови и колективната меморија на јавноста се извлекува заклучокот дека Бранка Костиќ неколку пати се јавува како посреден или непосреден учесник во скандали кои имаат јавни и политички размери. На нејзиот помен во текстот, Бранка Костиќ одговори на својот фејсбук профил. 

Во прилог интегрална верзија од нејзината изјава: 

Драги пријатели, потврдено е досега многукратно дека професионалците во земјава се најнеподнесуваната категорија. Уште, пак, ако имаат независен став и немаат партиска книшка, е тоа се става на гиљотина. Гледам, пак нешто ме тролал некој портал, па не дека сум изненадена, туку навистина не ми е јасно како досега макар вештачки не успеаја да ме профилираат како ВМРОВКА, СДСМОВКА или ДУИВКА. Или поубаво вака, по потреба да ме фалат сите кога им одговара и ме кудат сите кога така им чини. Навистина не ми е јасно како тоа ем работам за овој режим, а „му правев“ проблем токму на режимски директор, а порано работев за „комуњарска“ телевизија, па после неа за компанија блиска до десните, па сега беља пак некако за други … А да ме оставите раат вие што очигледно имате вишок време и не знаете каква будалаштина да смислите за да забављате народ, на кој притоа веќе не му е ниту до смеење зашто го издрлиблавте максимално и нема верба ни во живот ни во правда? Коа сум и што сум, барем кај мене е транспарентно. Јас сум Бранка Костиќ – Марковиќ, музичка новинарка, публицистка од областа на културата и по диплома магистер по етномузикологија, која над четврт век со своите прилози ја афирмира македонската музичка култура и дома и надвор, и која каде и да работела чесно ја заработувала својата плата и се трудела високо да ги држи уметнички стандарди и да го крепи личниот интегритет. Во моментов сум уметнички раководител – координатор во ансамблот “Танец“, а тоа подразбира во доменот на мојата етномузиколошка стручност да давам предлози за тековната програма на ансамблот која годишно ја приложува директорот до Министерството за култура и тамошната комисија ја одобрува и финансира, како и да гарантирам за уметничка доследност, ниво и целосна реализација на истата. Јас немам потпис, јас немам одлучувачка моќ, туку стручно советодавна. А емисијата која ја создаваме со Литература.мк, а која оди веќе четврта година, лани од Јутјуб мигрираше и на ТВ. Не би знаела што уште да ви дополнам, освен да се извинам што на многумина им пречам што воопшто постојам.

Бранка Костиќ води разговор со оперската пејачка Весна Ѓиновска за која пред неколку дена автор на Магазин објави дека годинава земала 600.000 денари за солистички концерт, а можно е да постои и конфликт на интереси при донесување на одлуката за доделувањето на паричните средства.

Навистина е нејасно зошто таков дефанзивно – напаѓачки став зазема Бранка Костиќ откако како носител на неколку јавни улоги е спомената во јавноста. Убаво што ни предочи со што се занимава и колку значајни улоги има, не можевме да ги знаеме сите од проста причина што во јавноста не се споменуваат, најчесто се споменува во контекст на разрешувањето од нејзината функција на претседател на Управен одбор во Филхармонија. Пошироката јавност ја знае Бранка Костиќ по тој случај и доколку сака да ја запознае, а ги провери медиумските натписи, ќе наиде на тој податок како најзастапен. 

Околку нападите на Бранка дека ние имаме вишок време и забавуваме народ, мора да одговориме дека нашето време целосно е посветено на нашите читатели и проверка на работата на носителите на јавни улоги, во кои спаѓа и таа. Нашата дејност се врзува со информирање, а не со забава. Повеќе би кажале дека нејзината дејност се врзува со забава бидејќи се занимава со музика и книжевност кои имаат и забавен карактер покрај едукативен или естетички. Таа го забавува народот со своите дела и во забавувањето нема ништо лошо, но убаво е да се направи дефинициска и категоријална дистинкција кога веќе се споменуваат некои работи. 

Уште еднаш нагласуваме дека текстот за „Танец“ не треба никој да го доживува лично. Со однос на тоа што нема јавно објавен Статут целта беше да провериме што се крие во настапот на „Танец“ на свадба на партиски функционер и поставивме прашање дали можеби нешто се крие. Наместо одговор добивме препукување и прилика за автопромоција на своите дејности. 

За жал таква е културата на носителите на јавни функции во Македонија, сметаат дека нивната функција е нивно лично право и дека јавноста не смее да чепка во она што тие го работат туку треба да ги „остава на мира“. 

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Некои од припадниците на МВР наместо во оваа тешка состојба да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани.

„Седете дома клошари“: Полицајци на граѓаните се закануваат со пендрек и 10 години робија (ФОТО)

Две непознати лица облечени во полициска униформа се фотографирале на социјалните...

Со плата од 14.500 денари, за гелот за дезинфекција во оваа тешка ситуација поскапува секој ден од 310 денари до цена од 1600 денари.

СРАМОТА- КАДЕ СЕ ИНСПЕКЦИИТЕ? Гел за дезинфекција од 310 денари СКОКНА до 1600 денари(ФОТО)

Гел за дезинфекција по дел аптеки низ Македонија достигна цена од неверојатни 1600 денари. ...

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

ПАДНАА ПРВИТЕ ОТКАЗИ ПОРАДИ КОРОНА: Мајки барале слободни денови по закон, нo добиле ОТКАЗ

Адвокатката Весна Богова информираше на социјалните мрежи за давање откази од работа...