Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2020 14:37

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска заболена од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот фејсбук профил.

Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација, напиша Лукаревска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...