
Македонија
Вести
Денеска во емисијата Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директор на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски се огласи за видеото и фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи деновиве а на нив може да се види како дел од затворениците повикуваат да се гласа за политичка партија
-Го осудувам чинот на партиски активности, доколку ги имало во затворот. За оние кои би требало да се грижат тоа да не се случува, доколку се докаже ќе бидат санкционирани, рече Мојсоски.
Според Мојсоски партиските обележја можно е да се донесени со пакети со храна.
-Два телефони се одземени. Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна или пак ги има од претходно, истакна Мојскоски.
За потсетување, видеото се прошири на социјалните мрежи пред неколку дена, а станува збор за група затвореници, во најголем број Роми, кои држат „прес-конференција“. На видеото се гледа како низ врата во една од келиите од петтото крило влегуваат Роми кои симболично преминуваат од ВМРО во СДСМ, како што вели модераторот на настанот. Тие дури и симоблично го отстрануваат црвено-црното знаме и го поставуваат синото на владејачката партија. Притоа, ѕвезда на вечерта е „доајенот“ на скопското подземје Јане Тица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.