
Македонија
Скандал
Дека кој краде тој и лаже покажува примерот со директорот на СОУ „Гошо Викјентиев“ во Кочани. Имено по објавениот коментар на фотографии кои ни беа доставени од упатен извор и наш лојален читател, а на кои се гледа растурени подови од училници со плус информации за начинот на кој директорот ја врши дејноста, се случи уште поголем скандал.
Очигледно директорот на училиштето, Гоце Савевски многу го погодило ова вест па побрзал да ја сподели во вид на жалба во „Советот за етика во медиумите“. Во жалбата меѓудругото стои дека нè обвинува поради – неиздржано и нефер информирање, нарушување на приватноста, непоставени граници помеѓу новинарски содржини и рекламни, незастапеност на втора страна во приказната и сл. При тоа, Савевски свесно излажал во својата жалба дека испратил демант до редакцијата на Магазин кој не е објавен.
Со однос на тоа дека веќе е побарано посредништво во случајов, ние демантот доколку и ни биде пратен нема да имаме обврска да го објавиме. Сепак за да има издржано, фер информирање и застапување на втората страна, Савевски требал да се обрати со демант во рок од 30 дена по објавување на веста согласно пропозициите во „Законот за медиуми“, која исправка ние имаме законска обврска да ја објавиме најдоцна 2 дена откако ќе ни биде испратена. Но наместо да добиеме демант, ние добивме жалба преку „Советот за етика во медиумите“ која е целосно неиздржана. Еве зошто:
-
Информациите се набавени од добро упатен извор чиј идентитет имаме право да не го откриеме;
-
Информациите со кои располагаме се јавни и лесно може да се проверат;
-
Станува збор за коментар врз база на доставени докази и во тоа постои уметничка слобода на интерпретација, за уметничка слобода на интерпретација законот не предвидува исправка, само за исправност на информации. Но потсетувам дека нам не ни беше доставен увид во спротивното и докази кои го оповргнуваат нашето тврдење;
-
Не загрозуваме ничија приватност. Не влеговме дома кај господинот Савевски за да провериме со кој спие, јаде или излегува. Ние објавивме информации поврзани со неговата јавна функција и во тие информации е содржан јавен интерес. Во тој случај на ниту еден начин не ја загрозивме неговата приватност. Неговото име и презиме се јавен податок кој ќе го добиете откако ќе искуцате „директор на СОУ Гошо Викјентаев“, а фотографијата е преземена од неговиот фејсбук профил, со самото нејзино објавување тој дал дозвола во јавноста таа фотографија да се користи. Да не дојде до менување на тези, ние не пишувавме за Гоце Савевески па откривме попатно дека е директор, туку пишувавме за директор на јавна институција па попатно откривме дека тој е Гоце Савевски. Поради тоа и не е издржана неговата поплака дека сме пристрасни и неурамнотежени во информирањето, како медиум ниту имаме некаков претходен спор, ниту конфликт со дотичниот кој би ја оправдал нашата пристрасност и неурамнотеженост;
-
Околку разграничувањата дали станува збор за новинарска или рекламна содржина, со особена гордост можеме да истакнеме дека нашиот медиум се занимава само и исклучиво со новинарска дејност и немаме никава рекламна дејност и содржина. Медиумот е составен од сосема различни профили на личности и мислители со исклучителна уредувачка слобода да пренесуваат, информираат, коментираат, анализираат или толкуваат содржини кои се од јавен карактер.
Шокантно е зошто Савевески избрал да побара посредништво, без да испрати демант прво и зошто излажал дека испратил демант кој не сме го објавиле, а дури и да не сме го објавиле до сега, нашиот законски рок за објавување истекува утре. Но народната се потврдува – кој краде, тој и лаже и Бог мил знае што сè уште прави.
Автор: Стојмановиќ Магдалена
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.