Македонија
Вести
На 100 метри од самата плажа, на елитна локација, на државно земјиште актуелниот директор на МЕПСО и член на СДСМ, Сашо Василевски гради огромен мотел.
Проблемот е во тоа што според информациите кои кружат во јавноста, градбата која тој ја гради во туристичката населба Претор е дивоградба, објави порталот Инфомакс.мк
Се отвора и прашањето дали тој можеби узурпира државно земјиште?

Интересен е и фактот што имотот и земјиштето не се води лично на Василевски туку на неговиот баџанак иако силни се шпекулациите дека тој стои за целиот овој проект.
Дали можеби сопственичкиот лавиринт кој тој го креирал е поради противправните дејствија кои тој ги превзема?
Сепак ова не е изолиран случај на скандал во кој е вмешан Василевски, бидејќи во повеќе наврати е обвинуван за непотизам пред се поврзан со СЈО, обвинителство од кое и тој самиот своевремено беше дел.
Токму во СЈО според медиумите актуелниот директор на МЕПСО ја вдомил и вработил својата ќерка.
Во јавноста кружеа и шпекулации и дека тој бил во романтична врска со обвинителката Катица Јанева, но нема по конкретни докази за ваквите тврдења.
Василевски е познат и по своето политичко камелеонство и менување на политички дресови. Тој првично е познат по своето членство во НСДП, па преминување во ВМРО – ДПМНЕ, а сега е член на владеачката СДСМ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.