
Македонија
Вести
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ја посети фабриката „Џонсон Мети“ во Скопје која, како што се соопштува, е прва во серијата посети на фирми кои работат во ТИРЗ, со цел директна комуникација и поддршка на компаниите.
ТИРЗ наведува дека фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и една од најсофистицираните и најнапредни фабрики на „Џонсон Мети“ во светот и важи за најголем извезувач од држвава.
-Нашата мисија е да ги поддржуваме и поттикнуваме компаниите во ТИРЗ, овозможувајќи им најдобри услови за работа и развој. „Џонсон Мети’ е пример за успешна компанија која придонесува за одржлив економски раст и иновации во нашата земја. Продолжуваме и понатаму да работиме на подобрување на деловната клима и поддршка на компаниите во ТИРЗ, истакна Димовски.
Боријан Борозанов, директор на „Џонсон Мети“, како што информираат од ТИРЗ, изјави дека се горди на оваа фабрика во Скопје, која, вели, е „меѓу најсофистицираните и најнапредни во светот“.
-Оваа инвестиција не само што придонесува за економскиот раст на Македонија, туку и за глобалната иновација и одржливост. Преку континуирано вложување во нашите вработени и заедницата, обезбедуваме долгорочен успех и просперитет. Нашата посветеност кон одржливиот развој е основен принцип на кој се темелат сите наши деловни активности. Се надеваме на уште поголеми инвестиции, изјави Борозанов.
Од ТИРЗ посочуваат дека посетата на „Џонсон Мети“ е дел од иницијативата на дирекцијата за ТИРЗ за директен контакт со компаниите, со цел подобро разбирање на нивните потреби и предизвици.
-Овие посети се планирани да продолжат и во наредниот период, опфаќајќи различни компании кои работат во рамките на ТИРЗ, се наведува во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.