
Свет
Вести
Началник од МВР со постови на Фејсбук ги поддржува нападите на палестинските милитанти Хамас врз Израел, објави поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. МВР најави дисциплинска постапка против началникот Аднан Синани и соопшти дека ставот на МВР е соуда за нападите на Хамас врз Израел.
Актуелниот началник во Одделот за обезбедување на Министерството за внатрешни работи Аднан Синани дава јавна поддршка на терористичките напади на палестинската организација Хамас врз Израел, објави поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.
На профилот на Фејсбук под името Ади Адии, за кој Чулев тврди дека е на Синани, можат да се најдат неколку објави со кои се поддржуваат нападите на Хамас врз Израел, а од истиот профил Синани се впушта и во расправа со Чулев на ФБ.
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ги осудува таквите коментари и најави дисциплинска постапка против полицискиот службеник. Инаку Синани е началник на Одделот во МВР кој се грижи за обезбедување на функционерите во државата, како и за високи странски делегации и личности кои доаѓаат во посета на Северна Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.