
Македонија
Вести
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно со пет гласа го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на државата, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.
Од ДКСК велат дека сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и од Изборниот законик се основани и со тоа приговорот поднесен од страна на Силјановска-Давкова се усвојува.
Оттаму најавија дека ќе преземат мерки согласно надлежностите и ќе иницираат постапка за утврдување на одговорност пред надлежните органи.
Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.
Претседателката на Академијата најавува тужба
Академијата најави жалба пред управниот суд, кој до крајот на неделава ќе има рок да одлучи дали Академијата ќе може во време на избори да ги вработи кандидатите за судии и обвинители.
„За жал најголеми губитници во сето ова се токму кандидатите, ниту Академијата, ниту нејзините тела, било кој во политиката или мојата маленкост, па најмалку, тоа се самите кандидати, верувам дека се нестрпливи, во прашање е сериозен јавен интерес, кој ќе има долгоречен ефект врз работата на судовите..“ рече Габер-Демјановска.
Првиот приговор го поднесе кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ
Силјановска-Давкова на 6 април поднесе приговор до Антикорупциската комисија, според кој Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заславала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.
Во приговорот се вели дека Аладемијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошки тест и тестот за интегритет, на 29 март објавила и распоред за полагање на квалификациски тест.
Силјановска-Давкова поднесе приговор за кршење на изборните правила
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.