На вчерашната седница

Објавил: Калина Мартинска | 9 јули, 2024 13:01

ДКСК: Иницијативата за одговорност во АСЈО не смееше да биде отфрлена

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) како ненавремена, ДКСК ја информира јавноста за следното:

„Постапката за утврдување на одговорност од страна на ДКСК е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. Имено, Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок.

Ја информираме јавноста дека за оваа одлука сме информирани единствено преку медиумите, додека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување. Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во рамките на законските рокови.

ДКСК останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес.

Комисијата останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на примената на сите достапни правни средства за постигнување на своите цели. Остануваме отворени за комуникација и информирање за сите понатамошни чекори во врска со оваа постапка“, стои во соопштението на ДКСК.

Судскиот совет нема да расправа за незаконските постапувања во Академијата за судии и обвинители

Судскиот совет нема да одлучува за незаконските вработувања во Акадамијата за судиии и јавни обивнители, иако има надлежност за тоа. Најдоа образложение – иницијативата од Антикорупциска била доставена со задоцнување од 10 дена.

Со тоа членовите на судски одбија да го преиспираат работењето на директорката и управниот одбор на Академјата кои ангажираа 130 идни судии и обвинители во предизборен период кога тоа законски е забрането.

„Рокот е 15 дена. 15 дена, последна донесена е на одлуката на Вишиот суд, а не пишува од приемот на таа одлука, дециден е“ рече Антоанета Димовска – член на Судски совет која посочи дека одлуката на Вишиот управен суд е донесена на 26-ти април, иницијативата од ДКСК на поднесена на 23-ти мај.
Мнозинството членови одлучи дека Антикорупциска го пропуштила рокот за да бара одговорност, но дел беа на ставот дека воошто не биле надлежни да дебатираат по иницијатива.

„Со кое право ние ќе утврдуваме одговрност на членови на АСЈО, немаме законски можности за такво нешто“ рече Тања Чачарова Илиевска која посочи дека ќе има извдвоено мислење за надлежноста на СС во однос на утврдување одговорност на АСЈО.
„Се одеше по континиутет, зошто не реагиравте?“ рече Дамева – претседател на СС.
„Како судија кога ќе ми пристигне, на пример жалба, јас прво разгледувам дали сум надлежен а потоа дали се законски запазени роковите.. “Ивица Никоовски – член на Судскиот совет.
ДКСК по иницијатива на Сиљановска – Давкова тогаш како кандидат за претседател, утврди дека Академијата за судии и јавни обвинители постапува спротивно од законите во предизборието со вработување на 130 слушатели. Директорката на Академијата, Габер Демјановска се жалеше до Управниот и вишиот управен суд кои само ја потврдија одлуката на антикорупционерите. По таквата пресуда, Антикорупциска побара од сите надлежни интитуции, вклучително од Судскиот и од Советот на јавните обивнители да утврдат одговорност за незаконското вработување идни судии и обвинители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести