Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од увидот во изданијата на Службен весник од 2021 година и по увидот во својата евиденција утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања односно престанок на функцијата не е исполнета законската обврска односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија.
Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози односно ќе започне прекршочна постпака понатаму доколку не ги платат платните налози, појасни Ивановска, додавајќи дека како ќе бидат завршувани предметите на кого се однесуваат, така ќе бидат и објавувани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.