Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

Објавил: Стојче Бушин | 3 април, 2020 9:20

ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ: Временска прогноза за земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено, особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена, кон крајот на денот и навечер и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 11 степени. Потоа до недела кај нас ќе се задржи променливо облачно време. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините, особено во јужната половина од државава.

Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Пониски ќе бидат минималните температури кој и понатаму понекаде ќе се спуштаат и под нулата.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Повремено ќе има продори и од северните предели на Евроспкиот Континент кој ќе условуваат повремено освежување на времето!

МЕСЕЧНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Еве каков ќе ни биде месец јуни се до крајот!

Според најновите анализи кој се направени со помош на најпрецизните метеоролошки...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

ДЕТАЛНО МЕТЕО: Од недела температурите на воздухот ќе бидат во пораст

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од...

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Нестабилно со услови за дожд и грмежи!

Во текот на денешното претпладне ќе има повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде променливо...