На овој ден именден празнуваат онние кои го носат името на светецот: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 10:14

Доаѓа големиот празник Митровден, го најавува почетокот на студеното време

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок православната црква го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември.

На овој ден именден празнуваат онние кои го носат името на светецот: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче . На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. 

Народниот обичај наложувал на Митровден да се остане дома. Се верувало дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови. Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Уапсена старлетата Александра Накова- не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

Македонската старлета, Александра Накова била уапсена вчера во Гевгелија.Триесет...

Оргии, дрога, проститутки, затворски казни - сето ова и далеку повеќе го обележаа животот и кариерата на овој славен спортист.

ОД ПРЕМНОГУ С*КС НЕМОЖЕЛ ДА ОДИ: Животот на славниот боксер во царство на дрога и проститутки!

На денешен ден во 1966 година, во Њу Јорк роден е легендарниот боксер Мајк Тајсон. Во 1992...