
Македонија
Време
До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Сепак во петок полека облачноста ќе се зголемува, додека во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од дожд.
Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в во западните предели ќе има и повремени врнежи од СНЕГ и се очекува формирање на снежна покривка.
Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време.
Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени.
НАПОМЕНА: До петок по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.