Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 15 април, 2022 14:28

ДОАЃА НОВ ИЗРАЗЕН СТУДЕН БРАН – СО СЕБЕ НОСИ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ СТЕПЕНИ, ДОЖД, СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа како што најавивме, утре полека облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

И во Скопскиот регион утре полека облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Веќе во недела, како и во почетокот од следната недела под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките како и на планинските места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени и од недела па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, со што ќе има појава на мраз.

Да напоменеме дека за време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Исто така, локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2) и тоа особено во јужните, југоисточните како и во западните предели.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Ултравиолетовото сончево зрачење се очекува да биде до осмиот степен. Во наредните денови температурите ќе бидат во пораст.

Сончево и топло, на места со температура од 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На места...

По обилните врнежи екипите на Македонија пат денеска ги расчистуваа одроните на повеќе патни правци Штип-Неготино, Виница-Берово, на патот за Крива Паланка, а посериозна е состојбата на патот Дебар-Маврово, каде повторно се отвори кратер.

Неколку часа затворен Плетвар затворен поради одрон и голем порој

По деветчасовен застој поради одрон и поплава, расчистен е патот Росoмaн-Прилеп преку...