Најново метео

Објавил: Владо Марин | 11 јули, 2021 19:41

ДОАЃА НОВ ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ОД ВТОРНИК ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40°C И ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Понатаму атмосферата полека ќе се стабилизира а услови за ретка појава на попладневна нестабилност ќе има уште утре, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Потоа веќе од вторник па натаму нашата територија ќе подпадне под влијание на нов ТОПЛОТЕН БРАН кој продира од југ (северните предели на Африка). Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденицја на значителен пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени, додека во најтоплите предели истите ќе го достигнат 40тиот степен.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициентпомеѓу 10 и 11), па затоа ПРЕПОРАКА до граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено старите и изнемоштени лица и да пијат што повеќе течности.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време