Топло време во земјава!

Објавил: Стојче Бушин | 7 април, 2020 9:44

ДОАЃА ПРАВО ЛЕТО: Топло време во нашата земја!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов ќе имаме претежно сончево време. Максималните температури на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 17 степени.

И во следните неколку денови под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето кај нас ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до околу 21 степен.

Уште потопло ќе биде од четврток кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. И во Скопје и околината во следниот период ќе биде значително потопло и сончево, максимумот на температурата во Скопје во следните денови се очекува да се искачи и до околу 20, 21 степен, особено од четврток.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време