Поради падот на температурите на воздухот може да се очекува и првиот снег за оваа сезона и тоа особено на италијанските алпи, но има услови првиот снег овој циклон да го донесе и во регионот поточно во северните предели од Балканот односно на словенските високи планини.

Објавил: Валерија Петрова | 30 август, 2019 13:24

Доаѓа првиот есенски циклон – метеролозите го најавуваат и првиот снег

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Во септември ќе имаме вистински есенски температури, најавуваат метеролозите.

На почетокот на септември ќе продолжат високите температури, но подоцна некаде на средината ќе настапи вистинската есен која со душа ја очекуваме, според метеролозите ќе има голем есенски циклон – Викторија и истиот ќе го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров, информира метеорологот Славчо Попоски.

Циклонот ќе придонесе до голем пад на температурите на воздухот, поинтензивни врнежи како и локално поизразено невреме проследено со силен ветер, поројни врнежи, силни грмежи како и со појава на град.

Поради падот на температурите на воздухот може да се очекува и првиот снег за оваа сезона и тоа особено на италијанските алпи, но има услови првиот снег овој циклон да го донесе и во регионот поточно во северните предели од Балканот односно на словенските високи планини.

Значителен пад на температурите на воздухот на од средината на следната недела ќе има и кај нас и тоа падот на истите ќе биде за 5 до 10 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

На повеќето метеоролошки станици не се надминати многу годишните апсолутни температури, но се надминуваат многу годишните просечни вредности, велат од УХМР.

УХМР: Појава на суша и дожд во наредниот период во Македонија!

Според досега измерените вредности на првата декада од септември, 2019 година се категоризира...

Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

ВАДЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА ОД ПЛАКАРИТЕ: Вонредна временска прогноза

Драстична промена на температурите во Македонија, најавуваат метерозлозите. Според...