Ќе има и локални но релативно послаби врнежи, на пониските места поради малото затоплување снегот ќе премине во дожд или во дожд и снег.

Објавил: Стојче Бушин | 25 март, 2020 9:22

ДОАЃА ТОПЛО ВРЕМЕ ВО ЗЕМЈАВА: Детално метео!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно. Ќе има и локални но релативно послаби врнежи, на пониските места поради малото затоплување снегот ќе премине во дожд или во дожд и снег.

На повисоките места и на планините пак ќе има послаби врнежи само од снег. Ќе дува умерен ветер од источен и од југоисточен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината најпрво ќе има послаби врнежи претежно од снег, попладне и кон крајот на денот ќе има услови за повремен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Истиот повремено ќе засилува додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 5 степени.

Во текот на следните денови ќе продолжи претежно облачното време. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд кој повремено на некои места ќе бидат нешто поинтензивни, особено во јужните и во југоисточните предели. На планините ќе има врнежи од снег.

До викендот температурите ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, особено за викендот.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска нестабилно со појава на дожд, од среда стабилизирање!

Денеска времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална...

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Нестабилно со почеста појава на врнежи и грмежи – можно НЕВРЕМЕ

За време на овој викенд, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна...

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Времето денеска: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална...