За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 18:21

Добра вест за возачите – Регулаторна одлучи да ја намали цената на горивата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пред Нова година регулаторната комисија за енергетика гја зголеми цената на горивата во Македонија, по празниците Регулаторна повторно одлучи да ја смени цената на бензините, но овој па ја намалува за половина денар.

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка.

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка...

Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.

АНЃУШЕВ: Коронавирусот донесе поголема криза од онаа пред 10-тина години!

Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев...