За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ21.
Според Филипче, карантинот го губи смисолот со отворањето на границите во целиот регион, бидејќи на тој начин веќе ќе има слободен проток на граѓани и на возила!
„После отворањето на границите, нема да важат карантините ниту тестовите. Ќе разговараме за ова за време на викендот. Анализата на новозаразените и кластерите, ќе ни покаже до каде сме, и врз основа на тоа ќе носиме одлука.“, рече Филипче.
Тој вчера во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека освен што постои доволна количина на заштитна опрема за сите кои ќе ги спроведат изборите, изработен е и соодветен протокол. Тој, како што рече, се базира на исти принципи за организација на сите настани.
„Комисијата за заразни болести изработи протоколи на барање на претседателот на дражавата, кој по лидерските средби побара известување како би се извеле изборите. Можам да кажам дека тој протокол, практично, се базира на истите принципи за организација на каков било настан, без разлика дали е во надворешни или внатрешни услови, при што се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца“, посочи Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.