Имено продукциската компанија Алкон ентертејнмент откри добро вести за обожавателите на оваа романтична драма. Компанијата објави дека ги обезбеди филмските права за романот „Постскриптум“ (Postscript)  на писателката Сесилија Ахерн, што всушност е продолжение на бестселерот „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You) од 2004 година, па така филмот ќе си добие и свое продолжение.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 18:58

Добра вест за сите љубители на филмот- „П.С. Те сакам“ добива продолжение

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Романтичната драма, П.С. Те сакам е филм режиран од Ричард ла Гаванезе во 2007 година. Сценариото на филмот се темели на истоимениот роман од Сесилија Ахерн од 2004 год. Филмот е посветен на споменот на Виндланд Смит Рајс, сестра на продуценткaта Моли Смит.

Имено продукциската компанија Алкон ентертејнмент откри добро вести за обожавателите на оваа романтична драма. Компанијата објави дека ги обезбеди филмските права за романот „Постскриптум“ (Postscript)  на писателката Сесилија Ахерн, што всушност е продолжение на бестселерот „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You) од 2004 година, па така филмот ќе си добие и свое продолжение.

„Постскриптум“ или новата книга која е продолжение на ПС. Те сакам, беше пуштена во продажба прво во Велика Британија, лани во септември, а вчера е објавена и во САД.

Инаку главните ликови во филмот П.С. Те сакам се Холи и Гери кои се брачен пар кој живее во „Lower East Side“ во Менхетен. Тие многу се сакаат, но повремено и се караат. Гери ненадејно починува од тумор на мозок и тогаш Холи сфаќа колку тој и значи и колку незначајни биле нивните караници.

Длабоко повредена, Холи се изолира од нејзиното семејство и пријателите се до нивната ненадејна посета на нејзиниот триесетти роденден. Тие се цврсто решени да ја присилат младата вдовица да се соочи со иднината и да реши што ќе работи во иднина. Откако ќе се соберат и ќе и помогнат на Холи да го доведе во ред станот, ќе пристигне торта со порака од Гери. Тоа ќе биде само првата од повеќето значајни пораки, кои тој организирал да и бидат испорачани по неговата смрт, сите завршувајќи со п.с. те сакам. Како што поминува времето, секоја нова порака ја исполнува со храброст и ја праќа во нова авантура. Мајката на Холи, Патриша верува дека писмата на Гери ја држат Холи врзана за минатото. Но тие, всушност, ја водат кон иднината. Водејќи се по зборовите на Гери, Холи ќе отиде на патување.

Гери организирал патување за Холи, Дениз и Шарон во неговата родна земја, Ирска. Таму тие ќе го запознаат Вилијам, пејач кој Холи многу ја потсетува на нејзиниот покоен сопруг, а случајно е и негов пријател од детството. За време на одморот Дениз им кажува дека се верила, а Шарон им открива дека е бремена. Вестите ќе и предизвикаат на Холи повторување на емоционалниот колапс и од тага повторно ќе се повлече во себе.

Најпосле Холи ќе се запише на курс за моден дизајн и ќе открие дека има талент за дизајнирање на женски чевли. Новооткриената самодоверба ќе и помогне да се ослободи од нејзината осаменост и да ја сподели среќата на нејзините другарки. За време на една прошетка со мајка ѝ, дознава дека таа е личноста која Гери ја замолил да ги праќа писмата по неговата смрт. Холи ја носи мајка ѝ на патување во Ирска, а бидејки така завршува филмот, на публиката се остава впечаток дека Холи целосно ќе се отвори за време на патувањето, кое е всушност нејзиниот живот, каде и да ја носи. Таа конечно ќе се откаже од стравот повторно да се заљуби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија...