Македонија
Вести
Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година, и со тоа малопродажната цена а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.