Сѐ ќе биде како што е досега, освен што од понеделник, 1 јули, почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јуни, 2019 12:40

ДОБРА ВЕСТ: ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА ИСТА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Граѓаните можат да останат спокојни, цената на струјата останува иста.

Како што известува Регулаторната комисија за енергетика, РКЕ, нема да има промена на цената на струјата.

Според нив се ќе биде како што е досега, освен што од понеделник, ќе почне со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена.

До промена на цената, според РКЕ, може да дојде само ако се случат драматични промени во цената на увозната цена на струјата. Но, стабилно за Република Македонија е што домаќинствата можат да останат на регулираниот пазар.

Од 1 јули домаќинствата ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум. Новиот снабдувач апсолутно не значи ништо за граѓаните, затоа што овој правен субјект произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија која и досега ги снабдува домаќинствата.

Последниве две години цената на струјата е стабилна. Со воведувањето на евфтината тарифа првата година кај граѓаните останале 8, а оваа 11 милиони евра вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика не очекуваше промена на цената.

Јас искрено не верувам дека цената ќе биде над 36,9 евра за мегават час. Исто така влијание врз цената ќе има и трошокот за откуп кој што го има универзалниот снабдувач од повластени производители на електрична енергија – изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести