Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натрпосечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 18:21

ДОБРЕДОЈДЕ ОКТОМВРИ:Не очекува ДРАСТИЧНО време – месечна прогноза

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Високите температури ќе станат минато, подгответе се на драстична промена на времето.

Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натрпосечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.

Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено Долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет. Поизначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Како ќе поминува КАРМЕН над регионот и иститата ќе биде придружена со значително постуден воздух од север ќе се зоздадат услови на планинските места и за локално провејување на снег а според моменталната состојба на прогностичките модели има услови и за формирање на тенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени меѓутоа многу посвежо ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 21 степен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени!

Следува период на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачно

Понатаму следува период на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена...

Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Времето денеска: На пладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб...

Влошување на времето се очекува уште во текот на утрешниот ден, најкритично ќе биде во петок и во сабота, особено во јужните и во југозападните предели на Грција каде се очекува да падне и големо количество на воден талог.

НАД МЕДИТЕРАНОТ СЕ ФОРМИРА УРАГАН И ЌЕ ЈА ПОГОДИ СОСЕДНА ГРЦИЈА – ДАЛИ И КАКО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС?!

Моќен циклонски систем се формира во Медитеранот, и истиот понатаму ќе прерасне во...