Тој објасни дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори е немањето на реформи, како и суштинска борба со организираниот криминал и корупција, како и сервисниот однос кон Бугарија, кој сега е предмет на разни условувања.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2021 22:02

Договорот кој Димитров и Заев го потпишале нема никаква обврска за Бугарија да и помогне на Македонија да стане членка на Европската унија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Вестите на Канал 5 телевизија денеска гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во врска со договорот со Бугарија кој Заев и Димитров го потпишале, истакна дека лажни се тезите на власта дека договорот со Бугарија ја обврзува да и помогне на Македонија да стане членка на Европската унија, како и дека Димитров е главниот архитект за неуспехот на евроинтеграцијата на Македонија.

Вчера македонската јавност имаше прилика да види зошто македонската интеграција доживува целосно фијаско, практично направивме еден јасен пресек зашто Македонија четири години со Димитров и со Заев не почнува преговори со Европската унија, зошто четири години тој фамозен датум за почеток на преговори никој не може да го види и не знае кој е тој датум затоа што едноставно  го нема, и уште не е извесно дали воопшто Македонија ќе почне преговори – истакна Николоски.

Тој објасни дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори е немањето на реформи, како и суштинска борба со организираниот криминал и корупција, како и сервисниот однос кон Бугарија, кој сега е предмет на разни условувања.

Вчера не добивме никаков одговор во однос на можеби клучната работа во договорот со Бугарија, имено тезата на Димитров и Заев е дека со договорот со Бугарија, таа се обврзала да и помогне на Македонија да стане член на Европската унија, а тоа не е точно затоа што во Членот 2 од договорот се вели дека бугарската страна ќе ги сподели своите искуства во процесот на евроинтеграции, повторувам ќе ги сподели своите искуства, што е многу различно од поддршка за членство,

Николоски вели дека ова јасно покажува дека во тој договор кој го потпишале со Бугарија нема никаква обврска, како и дека нема никаков гарантен механизам што доколку Бугарија е го почитува договорот, како што сега се случува.

-Затоа сметаме дека Димитров е главен архитект на овој неуспех кон Европската унија – посочи Николоски во вестите на Канал 5 телевизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири, нема толеранција за никого

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше министерот Оливер Спасовски. Министерот за...

Според Славески, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.

Славески: Се направија многу грешки и Филипче треба да си даде оставка како неговиот австриски колега

ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека ќе направи се за да се реализира петтиот пакет мерки. Има...

Канал 5 останува отворен за сите политички и општествени чинители како во своите Вести така и во останатите мега успешни информативни проекти „Само Вистина“, и „Само Интервју“.

Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, иако првично прифати, го...